Искање


Означено з IP адреса x Сајт x Server x Apps x

Побарајте логови (logs) на серверот

За да го определите потенцијалниот извор на проблеми со вашата веб-страница, од големо значење може да биде разгледувањето на логовите на серверот. Логовите на серверот се текстуални документи кои ни даваат разни информации за сите активности на серверот. На пример, можете да ги видите IP-адресите и идентитетот на уредите кои испраќаат барање до серверот, времето и датумот на барањето итн., и сето тоа може да биде од клучно значење кога работиме врз ублажување на определен сајберинцидент.

Од администраторот на вашиот систем може, исто така, да побарате и логови за серверот кои се однесуваат на определен временски период, или тоа да го направите преку техничката поддршка.

Грешка Сервер Дигитални докази Сајт IP адреса Хостинг

Критични точки во системот

Секоја платформа има неколку точки кои се најчеста цел на напади. Доколку програмерот на веб-страницата (web developer) обрне внимание на овие зони кога ја креира страницата, тоа значително ќе ги намали ризиците врз страницата и ќе овозможи непречен пристап до неа:

  • Формулар за контакт, анкети и другите делови од веб-страницата каде што корисниците можат да внесат податоци се места со најголем ризик бидејќи овозможуваат директен пристап до системот. Ако не се неопходни за функционирање на страницата, добро е да не користите формулар за контакт, додека за анкетите може да се нагоди да се ограничат на еден запис по IP-адреса. Секако дека може да се развие интерактивен однос со корисниците, но тоа да се направи во посебен простор којшто не е директно поврзан со самата веб-страница;

  • Базата на податоци е исто така еден од поризичните делови на сајтот. Доколку ѝ се испраќаат нелогични и сложени прашања, базата на податоци може да се блокира и тоа ќе им оневозможи на корисниците пристап до страницата. Решение за ова е строго да се потврдува секој запис (внес) во базата на податоци и да се спречат нелегитимните барања преку URL или на друг начин;

  • Бесплатен софтвер од трета страна, којшто е инсталиран на платформата за таа да биде поинтересна, често може да претставува дополнителен ризик. Овој софтвер обично содржи разни теми или други нешта кои ја подобруваат функционалноста и изгледот на страницата, но кои може да содржат и код или безбедносен пропуст што го загрозува интегритетот на страницата. Затоа е важно секогаш да се користи софтвер што е креиран од веродостојни извори, односно софтвер за којшто има доволен број позитивни критики на интернет.

Сајт IP адреса Хостинг